Туристическо дружество "СЪРНЕНА ГОРА" Стара Загора
https://forum.tdsrgora.com/

Tрадиционален марш Јован Гугушовски Кадиица 2011
https://forum.tdsrgora.com/viewtopic.php?f=2&t=274
Страница 1 от 1

Автор:  vatev [ Чет Юли 28, 2011 7:24 pm ]
Заглавие:  Tрадиционален марш Јован Гугушовски Кадиица 2011

ДРАГИ ПЛАНИНАРИ, ЕНТУЗИЈАСТИ И ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДАТА

Планинарското друштво „Кадиица“ од Пехчево ве поканува на шестиот традиционален марш Јован Гугушовски Кадиица 2011, кој ќе се одржи на 27 и 28 август 2011 година.
Маршот ќе се реализира по следната програма:

27.08.2011
08.30 - Пристигнување во Пехчево
08.45 - Поаѓање кон викенд населбата Равна река м.в. Бараките со сопствен превоз
09.15 - Пристигнување, појадок од ранец
10.00 - Поаѓање кон врвот Ченгино Кале, најисточната точка на РМ со прекрасен поглед кон Пирин планина
13.00 - Пристигнување на врвот, задржување на врвот 30 минути поради тоа што врвот е на гранична линија со Бугарија
- враќање и ручек планинарско гравче и доделување на благодарници
- забава за млади и возрасни (изненадување) и ноќевање во сопствени шатори

28.08.2011
- будење по желба
- појадок
- разгледување на околината и спортски игри
- ручек од ранец
15.00 часот враќање во Пехчево

Маршрутата е долга 8 км во еден правец со висинска разлика од околу 800 метри, воопшто не е тешка и попатно се разгледуваат водопадите на Брегалница и Лутачка река. Движењето се одвива под зелена букова шума. Врвот Ченгино Кале е висок 1844 метри и на самиот врв се наоѓаат две езерца.
НАПОМЕНА: Сите посетители треба со себе да понесат сопствен прибор за јадење и ноќевање.

Сите заинтересирани за овој настан се молат своето присуство да го најават најдоцна до 24.08.2011 година, со одговарање на овој е-маил или на телефонскиот број 0038970/315-678 Ѓорѓи Јанакиев.

Во прилог на ова писмо ви доставуваме и карта од маршрутата и мал дел од сликите од прекрасната природа.
За подетални информации можете да ја посетите нашата web страна http://www.pdkadiica-pehcevo.webs.com/.

Доколку сте заинтересирани можеме да се договориме врвот да се искачува од двете страни и од Македонија и од Бугарија што би претставувало меѓународно искачување.

ПЛАНИНАРСКИ ПОЗДРАВ, ве очекуваме

Автор:  Mountain 1965 [ Пон Авг 15, 2011 2:54 pm ]
Заглавие:  Re: Tрадиционален марш Јован Гугушовски Кадиица 2011

От българска страна най-добрия начин да се стигне до този връх Кадийца/Огреяк-1924 м/ е от община Симитли-село Сушица/4 часа поне е нагоре/.

Страница 1 от 1 Часовете са според зоната UTC + 2 часа
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group
https://www.phpbb.com/